Дома Фудбал Лига на шампиони Салах сруши рекорд на Дрогба во Лигата на шампионите

Салах сруши рекорд на Дрогба во Лигата на шампионите

Eгипќанецот Мохамед Салах одигра уште еден одличен натпревар за Ливерпул во победата против Болоња од 2:0 во Лигата на шампионите.

Салах постигна убав гол во второто полувреме и така уште еднаш ја потврди својата светска класа, но исто така успеа да сруши и рекорд во Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во вчерашниот натпревар Салах стана најдобриот африкански голгетер во историјата на Лигата на шампионите. За Салах погодокот против Болоња беше 45. во најелитното европско натпреварувања и така го остави зад себе Дидие Дрогба со еден помалку.

На третата позиција е Самуел Ето кој во европската елита постигна 30 гола. Исто така Салах стана и првиот играч на Ливерпул кој постигнал пет голови во низа на натпревар од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Објавен списокот на ѕвезди за кои Барселона со години должи богатство на други клубови

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се фалеше дека зад себе оставил финансиски пробл…