Фудбалерот на Ливерпул со српско потекло, Стефан Бајчетиќ продолжува да игра одлично во дресот на „црвените“ иако има само 18 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бајчетиќ беше одличен и во вчерашната победа против најголемиот ривал, Евертон, иако тренерот Јирген Клоп му ја промени позицијата.
„Се истакна и многу сум задоволен од неговата игра. Тој одличен фудбалер, многу интелигентен и смирен. Го ставив на нова позиција. Беше стопер, потоа последен играч за врска, а сега играше во средината како „осмица“. Го прашав дали му се допадна улогата ми кажа „да““, изјави Клоп.
Посебно големи пофалби Бајќетиќ доби од Салах.
„Стефан е одлична личност и голем фудбалер. На секој натпревар максимално се труди. Откако почна да игра за нас, тој е најдобриот играч во екипата“, изјави Салах по натпреварот.
Бајчетиќ иако има потекло од Србија, сепак одлучи да игра за земјата на неговата мајка, Шпанија.