На „Алијанц Арената“ утре во Минхен ќе биде одигран реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Ливерпул.
Иако од таборот на Ливерпул најавуваат дека ќе дадат се од себе за да го елиминираат Баерн и да дојдат до трофеј ако го прашате Мохамед Салах тој повеќе би сакал да ја освои титулата во Англија на која Ливерпул чека 29 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Морам да бидам искрен. Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување. Меѓутоа сонот нацелиот град и клубот е да се освои Премиер лигата. Спремен сум да го жртвувам мојот сон, но би сакал да ги оствариме и двете цели“, изјави Салах пред реваншот во осминафиналето против Баерн.
Ливерпул во овој момент се наоѓа на втората позиција во Премиер лигата каде што лидер е бранителот на трофејот Манчестер Сити.
„Натпреварувањето е тешко. И Сити и ние имаме тежок распоред до крајот. Се што треба да направиме да победиме на сите натпревари и да се надеваме дека тие ќе направат кикс. Мирни сме без оглед на притисокот, имаме силен менталитет“, порача Салах.
Египќанецот оваа сезона во сите натпреварувања одигра 39 натпревари и постигна 20 погодоци.