Дома Фудбал Англија Салах: Ова го посакував, ми се исполни желбата

Салах: Ова го посакував, ми се исполни желбата

Ливерпул синоќа запиша историска победа над најголемиот ривал Манчестер Јунајтед со 7:0 во Премиер лигата.

Мохамед Салах со 129 голови стана најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со тие голови го собори рекордот на легендарниот Роби Фаулер кој во текот на кариерата постигна 128 гола за славниот клуб.

„Ова е многу посебен и важен момент за мене. Не можам да лажам, ова го посакував откако дојдов во Ливерпул. По мојата прва сезона во Ливерпул размислував само за рекордот. Она што е неверојатно е дека влегов во историјата на Ливерпул на мечот против Манчестер Јунајтед и на меч кој заврши со резултат 7-0. Ми се исполни желбата“, изјави Салах.

Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома, а оваа сезона во Премиер  лигата одигра 25 натпревари и постигна 11 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…