Мохамед Салах се најде на насловната на магазинот GQ.
Египќанецот позираше покрај атрактивната манекенка Алесандре Амбросио, а повод беше наградата за маж на годината од страна на овој магазин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, после овие фотографии фудбалерот на Ливерпул се најде на удар на арапскиот свет. Многумина ова го прогласија како скандалозно однесување.
„Доколку било која арапска жена направеше нешто вакво бидете сигурни дека немаше да се извлече. Замислете да позираше со разголен маж. Би имала среќа ако остане жива.“ – пишуваат арапските медиуми.
Салах после ова не се огласи, а тао веројатно и нема да го направи со оглед на чуствителноста на овие теми во арапскиот свет.