Дома Фудбал Салах го престигна Агуеро и е шести во историјата на ПЛ по овој параметар, наскоро ќе „падне“ и Лампард

Салах го престигна Агуеро и е шести во историјата на ПЛ по овој параметар, наскоро ќе „падне“ и Лампард

Мохамед Салах беше херојот на триумфот на Ливерпул над Челзи од 2:1, со голот со кој „Црвените“ поведоа од 1:0, а потоа и одличната асистенција за Куртис Џонс, која на крајот беше доволна за три бода.

На овој начин Салах стигна до 160 гола и 72 асистенции во дресот на Ливерпул, односно „придонес“ од 232 гола во дресот на една екипа во Премиер лигата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Така на вечната листа го престигна Серхио Агуеро кој во дресот на Манчестер Сити има вкупно 231 гол и асистенција (184 гола и 47 асистенции).

Египќанецот е шести на таа листа, пред него е Френк Лампард, поранешениот ас на Челзи, со бројка од 232 (147 гола и 90 асистенции).

Прв на листата е Вејн Руни со придонес од 276 погодоци (183 гола и 93 асистенции), следен од Рајан Гигс со 271 (109 гола и 162 асистенции), на третото место е Хари Кејн со 259 (213 гола и 46 асистенции). ), а четврти е Тиери Анри со 249 (175 гола и 74 асистенции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…