Англиските медиуми пренесуваат дека Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа се спремаат големи промени на „Енфилд“ на лето, а „црвените“ се спремни да слушнат понуди за Салах.
Египќанецот оваа сезона има 22 гола и 11 асистенции, но и тој сака да ја промени средината.
Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач, а фаворит за неговиот потпис е Пари Сент Жермен.
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па затоа веќе стапиле во контакт со агентот на Салах и работат на трансферот.
Интерес за Египќанецот покажува и Барселона, меѓутоа Каталонците имаат финансиски проблеми и тешко ќе можат да го реализираат трансферот.