Дома Останати Кошарка НБА Сакраменто повторно победи, шампионот губи со 2:0 во серијата! 🎥

Сакраменто повторно победи, шампионот губи со 2:0 во серијата! 🎥

Tимот на Сакраменто и вторпат славеше против Голден Стејт (114:106) во плеј-офот и поведе со 2:0 во серијата, а победа изминатата вечер забележа и Филаделфија победувајќи го Бруклин со 96:84.

Во воведните натпревари, Сакраменто максимално ја искористи предноста на домашниот терен и со стартни две победи си создаде добра предност. Клучна во вчерашната победа беше втората четвртина која ја добија со 12 поени разлика (41:29), тука беше создадена предност која до крајот успеаа да ја задржат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Со по 24 поени најефикасни беа Фокс и Сабонис, додека во редовите на Голден Стејт Кари постигна 28. Голден Стејт ќе обиде да се врати во серијата со следните два натпревари кои ги игра на домашен терен.

Со 2:0 поведе и Филаделфија против Бруклин. Домаќините до победата ги предводеше Максеј кој постигна 33 поени, Џонсон додаде 28 поени за Бруклин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…