Дома Фудбал Италија Саки: Милан може да го освои Скудетото

Саки: Милан може да го освои Скудетото

Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека е импресиониран од начинот на кој играат „росонерите“.

Саки смета дека Милан е балансиран тим кој може да го освои Скудетото, а имаше и совет за Златан Ибрахимовиќ.

„Милан повеќе не е изненадување, веќе неколку месеци се најдобар тим во лигата. Играат најдобар фудбал, а голема заслуга за тоа има Пиоли, кој покажа дека е модерен тренер. Милан може да го освои Скудетото оваа година, но играчите треба да имаат поголема самодоверба и повеќе да веруваат во своите квалитети“, изјави Саки.

„Ибрахимовиќ е вистински шампион. Против Верона промаши пенал, повеќето фудбалери би се депримирале, но тој додатно се мотивираше и донесе реми. Го советувам да биде повнимателен со соиграчите кога ќе погрешат, особено со најмладите“, додаде Саки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јокиќ доби моќно засилување: Шесткратен НБА Ол-стар потпиша за Денвер!

Никола Јокиќ и Денвер Нагетс добија големо засилување пред новата NBA сезона, бидејќи им с…