Дома Фудбал Сакаше фотографија со нервозниот Роналдо, погледнете како заврши тоа

Сакаше фотографија со нервозниот Роналдо, погледнете како заврши тоа

АЛ НАССР го победи Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати во плеј-офот од квалификациите за азиската Лига на шампиони.

Натпреварот заврши 4:2 за тимот од Саудиска Арабија со гол и асистенција на Марсело Брозовиќ, а натпреварот го одбележа и Кристијано Роналдо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Славниот Португалец не беше стрелец, но забележа асистенција за конечни 4:2. Ал Наср стигна до победата на крајот од натпреварот.

До 88. губеше со 1:2, а потоа израмни Султан Ал Ганам, а прецизни за победа беа Андерсон Талиска во 94. и Брозовиќ во 96.

Утрото по натпреварот на социјалните мрежи се споделува видео на кое Роналдо е видно нервозен. Тој е снимен како му дофрлува на судијата кога оди во соблекувалната на паузата меѓу двете полувремиња, но и луто го турка човекот кој сакаше да го искористи моментот за фотографирање со него.

„Разбуди се“, му викна Роналдо на судијата, незадоволен што, според Португалецот, не му досудил три пенали во првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…