Дома Фудбал Италија Сакаше да го купи Милан, но не успеа, а сега ќе ја спасува Фиорентина

Сакаше да го купи Милан, но не успеа, а сега ќе ја спасува Фиорентина

Фиорентина која е во лоша ситуација од понеделник добива нов газда!

„Виолетовите“ добиваат нов сопственик. Како што тврди „Њујорк Тајмс“ браќата Дела Вале ја прифатиле понудата од 135 милиони евра и нов сопственик на Фиорентина ќе биде Американецот со италијанско потекло, Роко Комисо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Комисо во шеесетите години и самиот играше фудбал на универзитетот во Колумбија, денес стадионот во оваа позната установа го носи неговото име.

Богатството му се проценува на 4.5 милијарди долари, во сопственост има клуб во НАСЛ, попиларниот „Космос“, а беше и заинтересиран да го купи Мулан од Јонгхонг Ли, меѓутоа Кинезот ја одби неговата понуда и на крајот го изгуби клубот затоа што не можеше да го врати долгот на фондот Eлиот.

Комисо ангажирал тим за преговорите да бидат завршени во најбрз можен рок за да има време да го спреми тимот за наредната сезона и добро да го одработи преодниот рок.

Браќата Дела Вале која ја купија Фиорентина после банкротот во 2003 година беа во конфликт со навивачите поради малите вложувања и продажбата на најдобрите играчи.

Ќе видиме дали Американецот ќе тргне по друг пат и дали ќе направи обид од Фиорентина да изград конкурентен клуб за врвот во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…