Карл Хајнц Румениге, претседателот на Баерн е познат како човек кој не бира зборови и секогаш го кажува она што го мисли.
Сега во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за ситуацијата во Барселона која е во големи долгови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Читав за долговите на Барселона во моментите кога доручкував и за малку ќе се задавев. Кога Баерн би должел толку многу не би можел да спијам. Сепак, мислам дека нема ништо да се случи. Клуб како Барсенал не може да пропадне затоа што премногу значи за Каталонија“.
„Во секој случај жал ми е што клубовите влегуваат во такви долгови. Ние во Баерн гледаме што се случува во Баерн и во неколку италијански клубови кои не можат да ги исплаќаат играчите редовни. Покрај спортскиот успех секогаш мора да внимавате и на економската стабилност“, изјаив Румениге.