Дома Фудбал Останато Роналдо станува играчот кој најбрзо одиграл 1000 натпревари!

Роналдо станува играчот кој најбрзо одиграл 1000 натпревари!

Кристиано Роналдо во уште еден сегмент ќе се запише во историјата.

Португалецот во дресот на Јувентус ќе го одигра својот 1000. професионален натпревар во кариерата, секако доколку Сари не се реши да му даде одмор и да го прескокне натпреварот против СПАЛ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Роналдо ќе стане 30. фудбалер кој во кариерата одигра 1000+ натпревари.

Тој од 2002 година до денес одигра 999 натпревари во 18 сезони, но до бројката од 1000 натпревари ќе дојде најбрзо во однос на сите негови 29 претходноци.

Роналдо постигна 311 голови во Ла Лига, 128 во Лигата на шампионите, 84 во Премиер лигата, 41 во Серија А, 31 во квалификациите за ЕП, 30 во квалификациите за СП, 22 во шпансиот куп, 18 во пријателски натпревари, 13 во ФА Купот, по седум на СП и СП за клубови, четири во Лига Купот, како и во Суперкупот на Шпанија, три во првенството на Португалија, три во Лигата на нации, три во португалскиот куп, два во Суперкупот на Европа, два во Купот на Италија, два во Купот на конфедерации, еден во квалификациите за Лига на шампиони и еден во Суперкупот на Италија.

Кога во прашање се настапите рекордер е Питер Шилтон со 1390 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на приказната: Артета избрка еден од дефанзивците на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал Такехиро Томијасу спогодбено го раскина договорот и ќе го напушти ло…