Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез изминатите неколку дена ги поминаа во Мадрид, каде го промовираа новиот бизнис на најпопуларниот фудбалер на денешницата, за кој се надева дека ќе му донесе милиони.
Каде и да се појават Роналдо и Џорџина привлекуваат огромно внимание, а тоа беше случај и во Мадрид каде славниот Португалец го мина најдолгиот период од својата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо започна бизнис поврзан со производство и продажба на алкална минерална вода наречена Урсу 9, а за време на неговата средба со новинарите се создаде интересна сцена.
Имено, кога Џорџина прозборе, Роналдо ги преврте очите и беше изненаден од она што го зборува неговата партнерка, а беше јасно дека e во чудо од сето она што го слушна.
Се шпекулира дека Роналдо бил изненаден од одговорот на Џорџина на прашањето дали би се омажила за повеќекратниот добитник на Златната топка.
„Секако“, беше одговорот на Џорџина, кој е и очекуван, но се шпекулира дека Роналдо е изненаден зошто инфлуенсерката одговорила било што на оваа тема.
Набргу откако видеото стана вирално, Џорџина се обиде да ги поправи работите објавувајќи заедничка фотографија со Роналдо и истовремено промовирајќи го неговиот нов производ.
Пред неколку месеци се шпекулираше дека гламурозниот пар е во криза, но Георгина ја искористи приликата да им соопшти на новинарите дека се е измислица.
Cristiano Ronaldo looks visibly annoyed at Georgina once she starts to speak at the launch of his new water company Ursu. Maybe the recent twerking videos she uploaded have angered him? That’s why Georgina hasn’t posted any recently. Will their relationship end soon? pic.twitter.com/I7tQFlX2Rx
— LLF (@laligafrauds) June 8, 2023