Дома Фудбал Италија Роналдо: Рекордите се важни, но поважни се победите!

Роналдо: Рекордите се важни, но поважни се победите!

Со двата гола против Лацио, Кристиано Роналдо го предводеше Јувентус до важни три бода и постави два големи рекорди.

Потугалската ѕвезда стигна до 50 погодоци во Серија А, му успеа само во 61 натпревар, додека стана првиот фудбалер во историјата кој реализирал 50 или повеќе погодоци во три различни првенства: Премиер лига 84 гола, Ла Лига 331 гол и од вчера во Серија А брои 50 гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Рекордите се секогаш важни, но најважно е тимот да победи. Ние сме феноменален тим и го покажавме тоа денес, иако секогаш сакаме да ги подобриме и поставуваме рекордите”, истакна Роналдо.

„Знаевме дека е многу тежок натпревар против тим кој има одлична сезона, но исто така знаевме дека е одлична можност да се победи на нашиот стадион. Ние сме многу среќни”, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…