Португалија во второто коло од Купот на конфедерации го победи домаќинот Русија со 1:0 и направи голем чекор кон пласманот во полуфинале.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Кристиано Роналдо во првото полувреме, откако после центаршутот на Гуереро беше највисок во противничкиот шеснаесетник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо со овој гол постави единствен рекорд во фудбалскиот свет. Имено, на дури осум репрезентативни натпреварувања со ред постигна барем еден гол.
Најголемата португалска ѕвезда постигна барем по еден гол на Европските првенства 2004, 2008, 2012 и 2016, како и на Светските првенста 2006, 2010, 2014 година, плус сега на Купот на конфедерации.