Дома Фудбал Останато Роналдо повторно пред судот: Имам само шесто оделение, како можам да ја измам државата?!

Роналдо повторно пред судот: Имам само шесто оделение, како можам да ја измам државата?!

Кристиано Роналдо повторно зборуваше пред судот во Мадрид, каде што му се суди за затајување на данок од 14.7 милиони евра.

Португалецот се обвинува дека парите заработени од маркетинг правата од 2011 до 2014 година ги криел на тајни сметки во други земји.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Да посетиме, Роналдо пред неколку дена изјави: Доколку не бев Кристиано Роналдо, не би бил тука“. Судот на оваа негова изјава му возврати дека пред него многу анонимни луѓе биле во слична позиција како и тој, но Португалецот остануваше на својот став.

Сега, најдобриот фудбалер во светот се брани со тоа како дека е необразован и дека не се разбира во такви работи.

„Не знам ништо за данокот, но и за многу работи кои не се поврзани со фудбалот, јас знам само добро да играм фудбал. Како би можел да затајувам данок и да ја измам државата кога сум само со шесто оделение основно“, се бранеше Португалецот.

Потоа тој започна да се фали себе си и неговиот агент.

„Не сакам да имам посебен третман поради тоа што сум славен или бидејќи сум Кристиано Роналдо. Всушност тоа го сакам, но само на теренот. Во судот сакам да имам третман како и сите други, обични луѓе. Меѓутоа, не знам зошто сум тука, јас секогаш бев чесен и го плаќав данокот. Ниту мојот агент, Жорге Мендеш исто така не треба да биде тука бидејќи и тој е чесен човек“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…