Дома Трансфер зона Роналдо: Нејмар или Мбапе? Треба да се размислува и за иднината

Роналдо: Нејмар или Мбапе? Треба да се размислува и за иднината

Нејмар и Мбапе веќе некое време го сочинуваат напаѓачкото дуо на ПСЖ, но во прашање е дали и во наредните години ќе останат во францускиот шампион.

Мбапе е голема желба на Реал Мадрид, а она што Реал го посака тоа и го добива, порано или покасно. Евентуалниот трансфер на Французинот на САнтијаго Бернабеу го коментираше и легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Запрашан кој би бил подобар избор за Реал помеѓу Мбапе и Нејмар, Роналдо се одлучи за 21-годишниот француски репрезентативец.

„Останувам на идејата дека подобро е да се донесе Мбапе. Не е дека едниот е подобар од другиот, но ако планирате да вложите многу пари треба да мислите и на иднината.“

„Се работи за играчи од 28 и 21 година. Тоа е јасен знак зошто Мбапе е подобра инвестиција. Тоа е логично.“ – изјави Бразилецот.

Мбапе и Нејмар вечерва со ПСЖ играат финале во ЛШ против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …