Во последно време во светските медиуми многу се пишува за случајот „Модриќ-Роналдо“.
Причината поради која се крена толкава прашина во медиумите е непојавувањето на Роналдо на доделувањето на наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Веднаш се започна со пишување дека Роналдо знаел дека нема да ја добие наградата, па затоа и не се појавил.
Сепак, сега се појави најновата приказна според која Роналдо му честитал на Модриќ.
Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ добил повик од својот поранешен соиграч во кој му честитал и му потенцирал дека нема ништо лично против него, туку против УЕФА.
Јавно засега Роналдо не се огласил, но според овие тврдења на Шпанците помеѓу Роналдо и Модриќ нема „зла крв“.