Дома Фудбал Останато Роналдо: Кој може да биде на врвот 10 години? Само Меси и јас!

Роналдо: Кој може да биде на врвот 10 години? Само Меси и јас!

Кристијано Роналдо ги предизвика младите кандидати за „Златна топка“ како што се Салах и Мбапе да доминираат следната деценија као што тоа го правеа тој и Меси.

Роналдо и Меси освоија по 5 „Златни топки“ во изминатите десет години, а Португалецот и оваа година е меѓу кандидатите за престижната награда.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Номинираните се скоро исти како и секогаш. Не знам дали ќе биде Меси на подиумот оваа година. Да кажеме дека Салах, Модриќ, Гризман и Мбапе имаат шанси… Французите особено бидејќи се светски шампиони. Но, ќе видиме кој од нив ќе биде тука во наредните десет години, како што сме Меси и јас“, изјави Роналдо.

„Сите би сакале да видат крај на една ера, но тоа нема да се случи. Јас бев и ќе бидам тука, бидејќи заслужувам. Немојте да ме отпишувате. Знам дека сум еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Нормално дека сакам и по 6-ти пат да ја освојамт Златната топка. Рботев напорно за тоа“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потоп: Погледнете како изгледа стадионот на Хофенхајм по силното невреме

Во германската покраина Баден-Виртемберг изминативе неколку дена имаше обилни врнежи од до…