Дома Фудбал Останато Роналдо и Морган втор дел: Пензија ако го освои СП, заминувањето од натпреварот со Тотенхем, за Меси…🎥

Роналдо и Морган втор дел: Пензија ако го освои СП, заминувањето од натпреварот со Тотенхем, за Меси…🎥

Вчера беше објавен вториот и последен дел од интервјуто на Роналдо со Пирс Морган.

После се што се случуваше и едно вакво интервју Роналдо и самиот свесен дека може да го промени клубот во јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тешко е да се каже во моментов, бидејќи моето расположение е, во моментов, фокусирано на Светското првенство. Не знам што ќе се случи по Светското првенство, но како што ви кажав претходно, и ќе кажам повторно, навивачите секогаш ќе бидат во моето срце. И се надевам дека ќе бидат покрај мене, дури и доколку се вратам или ако не се вратам, или ако останам или што и да е. Никој не е совршен, ќе правам грешки. Епизодите во животот што сите го имаме се дел од тоа да се биде човек, дел од тоа што сум човек и татко исто така“.

Тема на разговорот кај Морган беше и ситуацијата која предизвика бурни реакции кога натпреварот со Тотенхем го напушти предвреме.

„Жалам што си заминав од стадионот. Можеби, или можеби не, не знам. Тешко е да се кже дека жалам, но исто така да посочам дека бев испровоциран од тренерот. Да ме стави во игра во послендите три минути од мечот. Извини, но јас не сум таков играч. Знам што можам да дадам за тимот. Се извинив на соиграчите, објавив на Инстаграм. Но, тренерот не ме респектираше. Затоа е односот таков. Тој велеше за медиумите дека зборувал со мене, бла, бла, но тоа е само за пред новинарите. 100 отсто“, вели Роналдо.

Со оглед на тоа дека од исечоците и најавите веќе беше познато дека ќе го критикува Ерик Тен Хаг, најголемо веројатно привлече делот каде што најави пензионирање ако Португалија го освои Светското првенство.

„Јас сум многу оптимист. Имаме фантастичен селектор и добра генерација играчи. Со нетрпение очекувам да бидам дел од фантастично Светско првенство. Нема да биде воопшто лесно, но се е можно. Одиме се натпреваруваме. Да, би се пензионирал, 100 отсто – се зборовите на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот“ – вели Роналдо.

Во интервјуто Роналдо потврди и дека навистина добил понуда од 350 милиони евра од Саудиска Арабија.

„Во тој момент ја одбив понудата. Работата на менаџерот е да оди и да го нуди играчот и тоа го правеше. Искрено имав многу понуди кои не сакав да ги прифатам. А, во новините се пишуваше дека никој не ме сака. Не е така, среќен бев во Манчестер и мотивиран бев да продолжам тука затоа останав. Тешко беше да се одбие таква понуда, но верував дека имам што да му понудам на Јунајтед“.

Имаше пофални зборови и за Меси.

„Секогаш сме имале почит еден за друг. Тој е неверојатен фудбалер, магичен, топ. Како човек, ја делиме сцената 16 години, замислете 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисла да се дружиме, да се слушаме на телефон, да доаѓа на гости, но тој ми е како соиграч, некој што навистина го почитувам. И начинот на кој тој секогаш зборувал за мене. Дури и сопругите ни се почитуваат, двете се од Аргентина. За Меси можам да кажам само убави работи, добар дечко, направи се за фудбалот, -рече Роналдо кој запрашан дали Лео е најдобар играчо ако се исклучи себеси одговори потврдно, но го спомна и Зинедин Зидан“.

ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУТО НА РОНАЛДО

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…