Дома Фудбал Репрезентации Роналдо е се поблиску до уште еден рекорд

Роналдо е се поблиску до уште еден рекорд

Пријателскиот натпревар вечерва одиграа селекциите на Шпанија и Португалија, а после 90 минути игра резултатот остана оној почетниот.

Португалија во овој натпревар со капитенската лента на раката ја предводеше еден од најдобрите светски играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Португалецот ова беше 174. натпревар во репрезентативниот дрес, па така уште повеќе се приближи до светскиот рекорд по број на натпревари за националниот тим.

Само десет натпревари му недостигаат на Роналдо за да го сруши рекордот на Ахмед Хасан, поранешниот репрезентативец на Египет кој за националниот тим одигра 184 натпревари.

Пред Роналдо по овој парамер има уште осум играчи, помеѓу кои и Серхио Рамос, кој за Шпанија одигра 180 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…