Дома Трансфер зона Роналдо во Ал Наср ќе заработува скоро 100.000 евра на час

Роналдо во Ал Наср ќе заработува скоро 100.000 евра на час

Кристиано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср, а во клубот од Саудиска Арабија треба да заработува 200 милиони евра по сезона, објави утрово шпанскиот спортски весник „Марка“.

„Роналдо нема избор. Ниту еден европски клуб не може да ја следи финансиската понуда на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“, пренесува „Марка“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Доколку ја прифати понудата, Роналдо ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на фудбалот. Медиумите пресметаа колку ќе заработува во минута и секунда.

– 16,000,000 евра месечно

– 3,800,000 евра неделно

– 760,000 евра дневно

– 96,000 евра на час

– 1,600 евра на минута

– 26 евра на секунда

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…