Барселона во летниот преоден рок не успеа да го доведе Филипе Кутињо, но ѕвездата на Ливерпул ќе биде прва мета на Каталонците и во зимскиот преоден рок.
„Црвените“ ги одбија сите понуди на Барселона во летниот преоден рок, но се чини дека ситуацијата сега се промени бидејќи англиските медиуми тврдат дека Ливерпул е спремен да го пушти Кутињо во јануари.
Легендата на Барселона, Роналдињо смета дека неговиот сонародник е вистински избор за Каталонците и тврди дека Кутињо одлично ќе се вклопи во начинот на игра на „Камп Ноу“.
Роналдињо призна дека неодамна разговарал лично со Кутињо, но не сакаше да открива детали.
„Верувам дека Кутињо совршено ќе се вклопи во играта на Барселона бидејќи тој е вистинскиот играч за тој клуб. Ги покажа сите свои квалитети и мислам дека е време да направи исчекор во својата кариера. Со својот квалитет сигурно ќе му помогне и на Бразил на Светското првенство“, заклучи Роналдињо.