Рома оваа сезона игра под сите очекувањата, па раководството планира сериозно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Римскиот клуб во јануари ќе биде и тоа како активен кога во прашање е преодниот рок, а наводно Мончи веќе две зделки приведува кон крај. Италијанските медиуми пренесуваат дека на „Олимпико’ би требало да пристигне играчот за врска на Јанг Бојс, Секу Саного и фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пишува дека овие фудбалери се на врвот на листата желби на Мончи и дека тој на големо работи овие две зделки да бидат реализирани во јануари.
Приоритет е Јулијан Вајгл кој оваа сезона падна во втор план во Борусија Дортмунд и сака да ја промени средината.
Планот на „волчицата“ е да го донесе Германецот на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп следното лето.
https://youtu.be/tryBmFQjVCQ