Дома Фудбал Италија Рома со трансфери помага во пронаоѓање на исчезнати деца (видео)

Рома со трансфери помага во пронаоѓање на исчезнати деца (видео)

Фудбалскиот клуб Рома ја користи моќта на социјалните мрежи за да помогне во потрагата по дете во Италија и САД.

Првото такво видео стигна со официјалната објава на трансферот на Леонардо Спинацола од Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома на официјалниот профил го следат 1,78 милиони луѓе, додека официјалниот англиски Твитер профил има околу 445.000 следбеници.

Рома одлучи да соработува со Националниот центар за исчезнати деца како во САД така и во Италија.

„Сакаме да ги искористиме социјалните мрежи за да ја зголемиме свеста за исчезнатите деца. Веднаш добивме позитивни реакции, но и ни се зголеми бројот на следбеници на социјалните мрежи со што нашите апели ќе допрат до многу повеќе луѓе“, изјавија од клубот.

Овој хуман потег на „волчицата“ секако е за пофалба, а истото го направија и денес со објавувањето на трансферот на Дијавара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…