Дома Фудбал Италија Рома со големи проблеми пред гостувањето во Милано

Рома со големи проблеми пред гостувањето во Милано

Дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини денес даде позитивен тест на коронавирус, потврдија од клубот.

„Се тестирав и позитивен сум на Ковид 19, па моментално сум во карантин“, откри Манчини на социјалните мрежи.

Манчини поради тоа ќе мора да пропушти неколку натпревари, а тоа ќе биде проблем за Рома пред дербито со Милан во понеделик.

Покрај Манчини, тренерот на „вочицата“ нема да може да смета и на Крис Смолинг, па сигурно ќе има проблем да ја состави одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серија А се враќа по долгата пауза: Што нè очекува?

По долгата репрезентативна пауза, Серија А се враќа со возбудливи натпревари и нови приказ…