Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал, пренесува „Газета дело Спорт“.
23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако опцијата за откуп не биде активирана ова лето, следната година сумата ќе биде 20 милиони евра.
Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона на 35 меча има постигнато 13 гола и 7 асистенции.