Раководството на Рома е спремно да му предложи нов договор на Един Џеко и да го задржи на „Олимпико“ до 2023 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Минатото лето Џеко беше на чекор од трансфер во Интер, но сепак остана во Рома и го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанскиот напаѓач блеска и оваа сезона и покажа дека е незаменлив во тимот на „волчицата“, па поради тоа раководството сака да го задржи уште три години.
Интер повторно покажува интерес за Џеко, па поради тоа Рома сака што поскоро да ги започне преговорите.
Напаѓачот во неколку наврати истакна дека е среќен во Рим, па се очекува двете страни брзо да се договорат.
✍ La Roma quiere renovar el contrato de Edin Dzeko.
— Soy Calcio (@SoyCalcio_) June 26, 2020
Actualmente tiene contrato hasta junio de 2022 pero los romanos quieren extenderlo hasta 2023.
[La Gazzetta dello Sport] pic.twitter.com/wtXpd7DPu0