Дома Фудбал Италија Рома може службено да го загуби мечот со Верона поради аматерска грешка

Рома може службено да го загуби мечот со Верона поради аматерска грешка

Рома во првото коло од Серија А одигра реми без голови против Верона, но може да го загуби тој меч со службен резултат 3:0, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, од Рома направиме аматерска грешка, а тоа може скапо да ги чини.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Газата дело спорт“ пренесува дека фудбалерот од среден ред, Амаду Дијавара бил регистриран на листата на У22-играчи, а не во главниот тим, но од Рома не забележиле дека тој наполнил 23 години на 17 јули.

Ова значи дека тој немал право на настап, а беше во стартниот состав, па Рома може да го загуби мечот на зелена маса со службен резултат 3:0.

Ова нема да биде новост во Серија А, бидејќи Сасуоло беше казнет за ист прекршок во 2016 година со службен пораз од 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …