Eкипата на Рома денеска ја потврди разделбата со Даниеле Де Роси кои не ги исполни очекувањата и од почетокот на сезоната бележеше слаби резултати, но набрзо по отказот се откриваат детали.
Италијанските медиуми пишуваат дека зад се се крие лошиот однос со управата на клубот, како и несогласувањето со спортскиот директор за време на летниот преоден рок, што придонело за лошите резултати на стартот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Де Роси тврдел дека не се согласува со одлуките на менаџерот Флорано Гизолфи, кого го обвини дека ги довел играчи на „своја рака“ без да се консултира со него.
Де Роси летово потпиша нов договор, се чинеше дека тоа ќе биде долгорочно решение на Рома, но раководството на клубот продолжи како и досега, да не остава премногу време на тренерите.
Како први кандидати за можни наследници на Де Роси медиумите ги споменуваат Масимилијано Алегри и Стефано Пиоли кои се без ангажман.
За Пиоли се најавуваше дека ќе го преземе саудискиот Ал Наср каде што Луис Кастро вчера доби отказ, меѓутоа понуда од Рома би можела да го убеди остане во Италија каде што претходно го водеше Милан. Алегри од друга страна е без тренерски ангажман уште од крајот на минатата сезона кога замина од Јувентус.
Рома нема многу време, викендов го пречекува непријатниот Удинезе, а потоа стартува натпреварувањето во Лига Европа, следниот четврток на „Олимпико“ гостува Атлетик Билбао.