Родриго де Паул минатото беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа Де Паул не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би можел на крајот на сезоната да се врати во Серија А.
Имено, Рома и Јувентус се силно заинтересирани за Аргентинецот и сакаат да го донесат во своите редови.
Мурињо смета дека Де Паул ќе биде идеална замена за Михтарјан и Заниоло, па го одредил како приоритет во летниот преоден рок.