Дома Фудбал Регионов не помни вакво нешто – Голман примил два гола и сам си заминал од терен (Видео)

Регионов не помни вакво нешто – Голман примил два гола и сам си заминал од терен (Видео)

Неверојатни сцени се случија вчера во дуелот од 18. коло на албанската Супер лига. Голманот на тимот КФ Билис Жереми Вашу сам го напушти теренот по примањето на два гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во светот на фудбалот се случуваат многу интересни работи, но сцена каква што се виде на првенството во Албанија на натпреварот Вора – Билис дефинитивно досега не е видена.

Францускиот голман Жереми Вашу реши сам да си излезе од теренот во 42. минута. Тој прими два гола, а потоа следеше шок за сите присутни.

Вашу се упати кон клупата, ги соблече ракавиците и си замина кон соблекувалната со неверување на сите на клупата на Билис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија на нозе, Барселона и Реал во страв: „Новиот Халанд“ одбра нов тим!

Севиља, односно спортскиот директор на овој клуб ја заврши одличната работа. Младиот 22-го…