Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А на лето.
Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино наводно не е симпатизаер на играта на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Интерес за Аргентинецот има од Италија и тоа од Јувентус и Рома, па ќе се обидат да го донесат во своите редови.
Реален проблем може да биде високото обештетување што ПСЖ сигурно ќе го побара за Икарди, па ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.
Во моментов Јувентус е фаворит за неговиот потпис бидејќи може да му ја гарантира истата плата која ја добива во ПСЖ.