Дома Фудбал Италија Рома во одличен натпревар со седум гола го победи Каљари (ВИДЕО)

Рома во одличен натпревар со седум гола го победи Каљари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Каљари и Рома вечерва одиграа фантастичен натпревар во кој „волчицата“ славеше со 3:4.

Каљари играше многу добраа оваа сезона до пред пет-шест кола, а потоа работата тргна во надолна линија. Голеадата на овој натпревар започна во 28. минута кога Педро погоди за водство. Само една минута подоцна Калиниќ го постигна првенецот сезонава и изедначи на 1:1. До крајот на првиот дел Хрватот постигна уште еден гол и веќе беше 1:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме Рома зголеми на 1:3 преку Џастин Клајверт, за 11 минути подоцна Переиро да намали на 2:3. Коларов ја врати предноста на Рома од два гола. Конечните 3:4 ги постави Педро во 89. минута.

За Рома ова беше важна победа бидејќи се одржи во трката со Аталанта за четвртата позиција. Клубот од Рим сега има три бода помалку, но и натпревар повеќе од Аталанта. Каљари пак остана на 11. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…