Дома Фудбал Англија Родри ја објасни клучната разлика помеѓу Манчестер Сити и Арсенал

Родри ја објасни клучната разлика помеѓу Манчестер Сити и Арсенал

Maнчестер Сити не дозволи драма во последното коло од Премиер лигата и лесно го совлада Вест Хем со што ја потврди титулата шампион во Премиер лигата, па така победата на Арсенал против Евертон за „топџиите“ не вредеше многу.

По натпреварот во кој Сити го совлада Вест Хем, фудбалерот од средниот ред и човекот кој постигнува голови во скоро секој важен натпревар за „граѓаните“, Родри зборуваше за разликата помеѓу двата тима.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според Родри, разликата помеѓу Манчестер Сити и Арсенал е во менталитетот кој тие го имаат.

„Клучната работа поради која го освоивме трофејот е менталитетот. Арсенал зад себе има неверојатна сезона, меѓутоа менталитетот направи разлика. Кога дојдоа на „Етихад“ забележав дека не сакаат да победат, туку да одиграат нерешени. Ние не размислуваме така“, изјави Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…