Светското првенство во Катар започнува за помалку од еден месец, па така еуфоријата е се поголема. Белгија е една од селекциите кои се истакнуваат како „фаворити од сенка“.
За многу фудбалери од „златната генерација“ на Белгија овој Мундијал ќе биде последна шанса за успех, а помеѓу нив е и Еден Азар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез зборуваше за фудбалерот на Реал Мадрид и истакна дека доколку Азар биде здрав тие би можеле да се надеваат и на освојување на Мундијалот.
„За мене не се логични прашањата дали Азар е важен дел од репрезентацијата. Тој беше еден од нашите клучни играчи на Мундијалот во 2018 година каде стекна и искуство. Последните две години не беа лесни за него, се мачеше со повреда, но придонесе за тимот. Доколку биде здрав можеме и да го освоиме СП“, смета Мартинез.