Дома Македонски спорт Ристовски по големата победа имал средба со Мурињо: Ти благодарам за моментот кој никогаш нема да го заборавам

Ристовски по големата победа имал средба со Мурињо: Ти благодарам за моментот кој никогаш нема да го заборавам

Тимот на Динамо вчера направи голем успех елиминирајќи го Лигата на Европа англискиот гигант Тотенхем.

Тотенхем во Загреб допатува со предност од 2:0, а на „Максимир“ после продолженија избраниците на Мурињо беа поразени со 3:0. За Динамо овој натпревар го играа Стефан Ристовски и Арјан Адеми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ристовски беше заменет во 90. минута, а Адеми остана до 118.. Денес на Инстаграм, заменик капитенот на македонската репрезентација откри дека имал средба со Жозе Мурињо.

„Фудбалскиот свет многу научи од тебе, а јас имав чест лично да видам колку голем човек си. Ти благодарам за моментот кој никогаш нема да го заборавам“, напиша Ристовски на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија која не се заборава: УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе истрча на теренот на „Паркен“ во Копенхаг…