![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/07/геце.jpg)
Фудбалерот на Фиорентина, Франк Рибери, ги покани Марио Геце и Марио Манџукиќ да му се придружат во дресот на италијанскиот клуб.
Двајцата играчи во моментов се слободни агенти и имаат неколку понуди, а Рибери ги убедува да ја изберат Фиорентина. Германскиот фудбалер ја напушти Борусија Дортмунд, а хрватскиот фудбалер го раскина договорот со катарскиот Ал-Духаил по само шест месеци.
Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓
Рибери е неофицијален посредник во преговорите со Геце и Манџукиќ, со кои некогаш играше во Баерн Минхен и е во одлични односи.
Геце го прослави својот 28 роденден минатиот месец, а за него се заинтересирани уште Севиља и Атлетико Мадрид.