Дома Фудбал Англија Ретклиф: Нема да плаќам глупава цена за Манчестер Јунајтед

Ретклиф: Нема да плаќам глупава цена за Манчестер Јунајтед

Еден од главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф одбива да ја плати сумата која ја бара семејството Глејзер.

Се очекува наредната недела британскиот милијардер да испрати нова понуда за купување на клубот, но тој изјави дека нема да „плаќа глупава цена за Манчестер Јунајтед“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Како што е познато, семејството Глејзер за клубот бара 6 милијарди фути, а покрај Ретклиф друг кандидат за купување е катарска инвестициска група на чело со шеикот Џасим Ал Тани.

„Како ја одредувате цената на слика, куќа,…? Не се работи за тоа колку чини да се изгради или да се бојадиса. Не сакате да плаќате за смешна цена, бидејќи подоцна ќе зажалите. Тоа што не сакам да правам е да плаќам неразумни, глупави суми“, рече Ретклиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…