Дома Трансфер зона Реконструкција во Баерн: Анчелоти го продава тандемот!?

Реконструкција во Баерн: Анчелоти го продава тандемот!?

Карло Анчелоти подготвува големи промени во тимот на Баерн Минхен.

Шампионот на Германија зад себе нема задоволителна сезона, откако ја освои само титулата во Бундеслигата. Баварите испаднаа во полуфиналето од Купот на Германија, во четвртфиналето во ЛШ, а тоа е не е доволно за клуб како што е Баерн Минхен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоа го предизвикува Карло Анчелоти да направи реконструкција во тимот за следната сезона. Алонсо и Лам си заминаја во пензија, а покрај нив место во тимот нема да има за Даглас Коста и Ренато Санчез.

Овие двајца играчи не имаа многу шанса да играат во текот на сезоната, а ова особено се однесува за Ренато Санчез, кој минатата година за 35 милиони евра пристигна од Бенфика.

Германскиот „Kicker“ тврди дека Баерн ќе ги продаде споменатите два играчи, но со услов Џошуа Кимих и Кингсли Коман сигурно да останат во клубот. Баерн парите од продажбата на двајцата играчи ќе ги инвенстира во трансферот на Алексис Санчез од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…