Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека голманот на Наполи, Пепе Реина од следната сезона сигурно ќе го носи дресот на „росонерите“.
Имено, шпанскиот голман неодамна соопшти дека ја игра последната сезона во Наполи, а денес медиумите потврдија дека постигнал комплетен договор со Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реина ќе пристигне на „Сан Сиро“ независно од иднината на Донарума и ќе потпише тригодишен договор со „росонерите“.
Милан сака да го задржи Донарума, но во тимот да има и еден искусен голман, бидејќи Марко Сторари ја завршува кариерата на крајот на сезоната.
Реина прифатил да ја има улогата на втор голман во тимот и следното лето како слободен играч ќе пристигне во Милан.