Дома Топ вести Реал ќе заработува 10 милиони годишно од Мбапе

Реал ќе заработува 10 милиони годишно од Мбапе

Раководството на Реал Мадрид планира приход од најмалку 10 милиони евра од привлекувањето на Килијан Мбапе, пренесува весникот „АС“.

Овие пресметки се должат на договорот меѓу двете страни, кој на Реал Мадрид му дава околу 30% од приходите од рекламните права на Французинот. Досега сите 100% одеа кај играчот според договорот со ПСЖ, но ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде поинаква.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во моментов, според различни податоци, Мбапе заработува околу 30 милиони евра по сезона од рекламни договори, но Реал се надева дека спојувањето на двата бренда ќе може значително да ја зголеми оваа сума во наредните години.

Приходите од рекламните права се надополнуваат на очекуваната плата на напаѓачот од околу 15 милиони евра по сезона, но тој ќе инкасира и бонус за потпишување од 100 милиони евра како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Арсенал разочарани од дебито на засилувањето од 30 милиоини евра

Mикел Мерино летово пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во трансфер вреден 31,6 милиони …