Ливерпул игра лоша сезона под сите очекувања, но промовираше нова млада ѕвезда во тимот, Стефан Бајчетиќ.
18-годишниот играч за врска веќе се наметна како стандарден во првиот тим и покажа дека е еден од најголемите таленти во Европа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Бајчетиќ одигра 22 меча оваа сезона за „црвените“, при што постигна еден гол и една асистенција, па тоа беше доволно да го привлече вниманието на Реал Мадрид.
Бајчетиќ е роден во Шпанија и најверојатно ќе игра за шпанската репрезентација, а Реал сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.
„Кралевите“ ќе имаат конкуренција во битката за потписот на Бајчетиќ од нивниот вечен ривал Барселона, која исто така го следи талентираниот фудбалер.
Сепак, Ливерпул тешко ќе се откаже од својот „бисер“ кој неодамна потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“.