Дома Топ вести Реал ја постави цената за Бејл – Манчестер Јунајтед и Баерн во трка за потписот

Реал ја постави цената за Бејл – Манчестер Јунајтед и Баерн во трка за потписот

Иднината на Герет Бејл ќе биде „жешка тема“ ова лето откако Велшанецот најави заминување од Реал Мадрид.

Бејл веше херној на „кралевите“ во финалето од Лигата на шампиони, а после мечот изјави дека ќе разговара со својот агент за иднината, што беше старт на шпекуалциите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според „Мирор“, Реал нема да му стои на патот на 29-годишниот Велшанец и веќе му посатвил цена. Весникот тврди дека „кралевите“ за неговиот потпис ќе бараат 200 милиони евра, што е нереално дека некој клуб ќе се согласи да ја плати таа сума.

Најсилен интерес за Бејл покажува Манчестер Јунајтед, кој е спремен да му понуди договор „тежок“ 650.000 фунти неделно.

Во следните две недели агентот на Велшанецот, Џонатан Барнет ќе се сретне со претседателот на Реал, Флорентино Перез за да разговара за иднината на Бејл.

Интерес за Бејл покажува и Баерн Минхен, а некои медиуми тврдат дека играчот преферира преселба во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…