Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски Лил, Лени Јоро, пишуваат шпанските медиуми.
Младиот француски дефанзивец важи за еден од најголемите таленти и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти пред се ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јоро е младински репрезентативец на Франција, а и покрај неговата возраст веќе има речиси 40 натпревари и два гола во Лига 1.
Лил е свесен дека нема да може да го задржи 18-годишниот дефанзивец и е спремен да го продаде на лето.
Реал наскоро ќе стапи во контакт со агентот Жорге Мендеш и е спремен да ја победи конкуренцијата и да го доведе на лето на „Сантиаго Бернабеу“.
Leny Yoro is unlikely to join #RealMadrid this summer. (Cadena SER) pic.twitter.com/iYs9Hj1Mma
— Football España (@footballespana_) May 14, 2024