Дома Топ вести Позната причината зошто Јоро наместо во Реал заврши во Јунајтед

Позната причината зошто Јоро наместо во Реал заврши во Јунајтед

Манчестер Јунајтед ова лето го доведе 18-годишниот дефанзивец од Лил, Лени Јоро кој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За разлика од Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед ја понуди бараната сума од Лил, фудбалерот најпрво одбиваше да потпише за англискиот клуб, но подоцна прифати.

Според „Марка“, талентираниот Французин, за кого „црвените ѓаволи“ платија 52 милиони фунти, добил понуда за плата од 2,5 милиони евра од Реал Мадрид, а понудата на Јунајтед беше многу поголема – 9,5 милиони евра.

Кралскиот клуб на крајот одби да понуди повеќе и Јоро прифати да се пресели на „Олд Трафорд“.

Французинот немаше среќа на почетокот на кариерата во Јунајтед бидејќи заработи сериозна повреда за време на претсезонскиот период со Арсенал, а потоа беше опериран и ќе биде на опоравување најмалку три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…