Дома Топ вести Реал ја доби битката со Јувентус: Ѕвездата од Премиерлигата се сели во Мадрид

Реал ја доби битката со Јувентус: Ѕвездата од Премиерлигата се сели во Мадрид

Иднината на Кристиан Ериксен и понатаму е главна тема, откако Данецот остана во Тотенхем и после затворањето на летниот трансфер пазар.

Реал Мадрид, кој беше посакувана дестинација на Ериксен, не направи сериозен обид да го донесе во своите редови, а тој ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Ериксен влегува во последната година од договорот и Тотенхем ќе мора да го продаде во јануари доколку сака да заработи нешто на неговото заминување.

Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека многу поголема е веројатноста Данецот да си замине следното лето како слободен агент.

Мадридски „АС“ пренесува дека Реал го победил Јувентус во трката за неговиот потпис и Ериксен следното лето сигурно ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Самиот Ериксен преферира преселба во Реал, каде го гледаат како легитимен наследник на Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…