Кристиано Роналдо можеби ги салви последните празници во Мадрид.
Фрустрацијата на Роналдо оди во две насоки: прво е незадоволството со Реал за продолжување нов договор, а втората честите шпекулации дека „Кралскиот клуб“ ќе доведе замена за него.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Што се однесува на договорот, Роналдо пред година дена доби покачување на платата и договор до 2021. година, но сега ја користи логиката: доколку сум официјално прогласен за најдобар, тогаш морам да бидам и најплатен во светот. Од другата страна, Флорентино Перез засега не покажува намера да ги исполни условите на Португалецот кој во февруари ќе наполни 34 години.
Перез подготвува замена за него, станува збор за Еден Азар кој Зинедин Зидан исклучително го почитува и го гледа како наследник на Роналдо и доглорочно решение за позицијата лево крило. Бразилецот Нејмар е втората опција. Перез сака да го врати ударот на Барселона, а Роналдо е свесен за ова и им се доверил на пријателите дека ова го смета како недостиг на почит.