Дома Фудбал Реал спреми нов договор за Начо

Реал спреми нов договор за Начо

Реал Мадрид со нов договор сака да го награди дефанзивецот, Начо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и Анчелоти му верува, иако оваа сезона не добива голема минутажа.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 11 години е дел од првиот тим, a Реал наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Алегри, ни Манчини: Италијанците ја активираат најголема „бомба“ на лето

Големо прашање е кој ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија, а последната …